МЕТОД НА ИЗРАБОТКА
Кога зборуваме за бисерот секогаш ни паѓа на памет дека токму тој е пронајден во школката, меѓутоа Охридскиот Бисер има поспецифичен метод на изработка. Охридскиот Бисер не е најден во школка, туку тој се изработува на тој начин што се зема најблескавиот (внатрешен) дел од школката, истиот добро се преработува и се добива саканата форма – седефасто зрно.
Вториот процес на обработка на бисерот е премачкување на веќе добиеното седефастото зрно со емулзија кој асе добива од крлушката на охридската риба – плашица.